Seminarski i Diplomski Rad

Teorii za kiselini i bazi (makedonski) 
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 14 | Nivo: Prirodno Matematički fakultet

1.Вовед
Електролити и раствори од електролити
Eдно од општите својства на јонските соединенија е способноста на нивните водени раствори да спроведуваат електрична струја. Исто така, при процесот на хидратација на јонските супстанци доаѓа всушност до разградување на кристалната решетка и ослободување на јоните во растворот. Супстанците коишто спроведуваат електрична струја преку јони, се нарекуваат електролити, а оние супстанци кои немаат такво својство , ги викаме неелектролити.
Растворите на електролитите спроведуваат и еднонасочна и наизменична струја. Во 1887-та година, шведскиот хемичар Svante Arrhenius (добитник на Нобеловата награда за хемија во 1903 година) ја објавил првата систаматска работа за дисоцијата на електролитите. Таа била и основа на теоријата на електролитната дисоцијација според која што при растварањето на електролитите во вода или друг поларен растворувач, електролитите дисоцираат(се распаѓаат) на јони.
Во електролити спаѓаат повеќето киселини, бази и соли, а во неектролити повеќето органски соединенија (шеќери, алкохоли и т.н.).
Јаки и слаби електролити
Оние електролити кои во водени раствори потполно дисоцират на јони, се и добри спроводници на електрична струја. Нив ги нарекуваме јаки електролити. Оние пак електролити кои само делумно дисоцираат во воден раствор, се послаби спроводници на електрична струја и нив ги нарекуваме слаби електролити.
Супстанците со изразена (типична) јонска врска се обично јаки електролити. Тука спаѓаат повеќето соли. Меѓутоа оние јонски соединенија кои се состојат од јони со повеќекратен јонски полнеж се слаби електролити. Кај нив доаѓа до повторна асоцијација на дисоциранитe јони како последица на електричните привлечни сили меѓу јоните, така што рамнотежната состојба е всушност само делумна дисоцијација на електролитите.
Супстанците со делумно јонска а делумно ковалентна врска се слаби електролити. Тие дисоцираат само делумно, така што нивните раствори претставуваат динамичка рамнотежа од јонски и ковалентен облик.
Примери за слаби електролити во водени раствори се: H2S, HCN, NH3, CH3COOH, H3PO4....
Јаки електролити во воден раствор се: HCl, H2SO4 , HNO3, NaCl и т.н.
Meѓутоа треба да се нагласи дека јачината на електролитите зависи и од растворувачот. Слабите електролити во воден раствор можат да бидат јаки електролити во некој друг растворувач.
Киселини, бази , амфотерни електролити
Во класичната хемија, поделбата на киселини и бази се правела врз основа на некои едноставни својства на киселините, односно, на базите. Така киселините имаат кисел вкус а базите горчлив. Киселините и базите ја менуваат бојата на супстанците наречени индикатори. Така киселините ја менуваат бојата на синиот лакмус ( вид индикатор) во црвена, а базите ја менуваат бојата на црвениот лакмус во сина.

---------- CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ---------- 

www.maturski.org 

 

MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: [email protected]

 

 

maturski.org Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.maturski.org, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!